Кожата за нас не е само сировина, кожата за нас претставува најбитниот елемент во нашето производството, нешто по кое се разликуваме од другите, нешто по кое нашите купувачи ги одвојува од останатите, ги прави особено горди што може секојдневно да уживаат во нивната ексклузивна кожна гарнитура.

Секое парче кожа е уникатно. Не постојат две исти парчиња на кожа. Токму тоа ја прави секоја кожна гарнитура уникатна сама по себе. Тоа е екслузивноста што секој сопственик на кожна гарнитура ја ужива!

Кожата е природен производ. Во нашето производство ние користиме исклучително квалитетна и селектирана кожа, обработена во најдобрите Европски кожари.

Нашето искуство и соработка со најдобрите кожари во Европа, Ви овозможува избор на преку 50 видови на кожа во 900 различни бои. Во секој момент на лагер располагаме со 3000м2 висококвалитетна кожа во 15 бои, што не прави водечки производител на тапациран мебел во регионот. Тоа ни овозможува можност за брза и навремена испорака било каде во Европа на прекрасно уникатно парче мебел.

Без разлика за било кој вид на кожа од нашата колекција да се одлучите при изборот за Вашата нова кожна гарнитура, бидете сигурни дека сте го направиле Вистинскиот избор!


НЕГА НА КОЖНАТА ГАРНИТУРА

Кожата сама по себе е многу лесна за одржување. За разлика од останатите материјали со текот на времето кожата си добива посебна убавина, посебен шмек.

Голема предност кај кожата е тоа што апсорбцијата на миризби е минимална. Исто така во случај на истурање на течности кожата не апсорбира веднаш, со тоа добивате 2-3 минути време да ја одстраните течноста од површината.

Одржувањето на кожната гарнитура е многу едноставно. Најдобар начин за одржување е редовно пребришување со мека полувлажна крпа.

Доколку користите средства за нега на кожа, полирање, отстранување масноти и слично, ЗАДОЛЖИТЕЛНО прочитајте го упатството на самото средство пред употребата. Исто така, пред да нанесете од средството на кожната гарнитура испорбајте на мала површина на некој невидлив дел од гарнитурата како самото средство ќе се однесува. Овој чекор е особено битен поради тоа што постојат различни средства со абразивни карактеристики што може да доведат до оштетување на кожата.